ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 05/3/22 10:00 PM

Бил мртов 17 минути, лекарите сакале да го исклучат од апарати – Фудбалер ја запросил саканата, па добил ново срце

Британецот Бруклин Пикман (20) е фудбалер кому животот му бил загрозен откако дошло до проблеми со неговото срце. Тој итно бил пренесен во болница, а неговата операција траела 19 часа. Потоа се случиле неочекувани компликации, па навидум здравото момче, било клинички мртво дури 17 минути. Иако докторите дале се’ од себе, на неговото семејство му биле соопштени најлошите прогнози, да размислуваат да го исклучат од апаратите кои го одржувале во вештачка кома, бидејќи органите престанале да му функционираат.

Меѓутоа, тогаш се случило чудо. Пикман повеќе пати накратко се будел од кома, а потоа повторно „умирал“, но на крајот сепак успеал да ја победи смртта.

Пред Божиќ годинава тој се разбудил од вештачката кома и бил подготвен да замине дома. Меѓутоа лекарите знаеле дека неговото срце нема долго да издржи и дека му е потребна итна трансплантација. Неговите најблиски имале надеж дека тој наскоро ќе излезе од болница и имале надеж дека го чека ново срце. Меѓутоа, тогаш почнала неговата најважна битка. Тој ја запросил неговата девојка непосредно пред новата операција, а британските медиуми го опишале тој момент како еден од најемотивните во последните месеци.

-Се насмевна кога на запросувањето одговорив со „да“. Тој беше многу исплашен по првата операција. Знам колку тешка интервенција му следува и сакам да знае дека сум тука за него до крајот – изјавила Ели за The Sun.

Трансплантацијата на срцето поминала добро и Бруклин целосно се опоравил.

-За среќа, моето ново срце ја сака Ели подеднакво како и старото. Тоа е фантастично! Веќе ја планираме венчавката и ќе бидам пресреќен кога таа ќе стане моја жена- изјавил воодушевениот фудбалер.

 

Извор:  srecna.republika.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1