ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 05/3/22 12:39 PM

(Видео) Отидов во Турција по холивудска насмевка, а се вратив унакажана – Вознемирувачка исповед на жена од Ирска

Аманда Тарнер го сподели со целиот свет своето вознемирувачко искуство и апелираше сите да бидат внимателни кога сакаат да го променат својот физички изглед. Убавите усни, забите и насмевката во денешно време претставуваат императив и луѓето патуваат по илјадници километри за да добијат нов изглед со помош на лекарите од некои од престижните клиники. Меѓутоа, многумина може да бидат измамени со евтини понуди, па не проверувајќи ги детално и не читајќи ги рецензиите за нив, тие се враќаат дома со непријатно искуство. Тоа ѝ се случило на жена од Северна Ирска. Имено Аманда Тарнер на ТикТок сподели како сѐ тргнало на лошо кога отишла да си ги среди забите на клиника во Истанбул. По неслужбената преписка која таа ја имала со персоналот од Клиниката, Аманда одлетала за Турција размислувајќи за тоа како ќе ја добие најубавата холивудска насмевка која и ја ветиле.

Таа за целиот процес се договорила телефонски и ѝ било кажано дека во цената за третманот влегува и хотел со 4 ѕвезди и бесплатен превоз од аеродромот.

@amandaturner1809

Holywood smike gone wrong! Karatdent Istanbul! Do not use this clinic, they change your treatment plan without even telling you! Absolute Disaster🦷🚫👎

♬ original sound – Amanda Turner

Сепак, Аманда за кратко врече почнала да се кае што воопшто тргнала на пат. Во видеото кое таа го објави на ТикТок сподели шокантни детали. Стоматолозите кај коишто била и ги направиле забите исклучително лошо, а усните отечени и болни. Да биде работата уште полоша, таа цело време трпела болка бидејќи не добила соодветна анестезија. Освен тоа, стоматологот кој ѝ ги правел забите непосредно пред третманот го допрел својот мобилен телефон и на тој начин создал ризик од контаминација. Аманда се пожалила дека има страшни болки и замолила да престанат со работата, но тие не ја послушале.

@amandaturner1809

This is how I was left all last week no temps on and in a lot of discomfort I don’t think I have ever looked as ugly😂 it was brutal, wasn’t properly froze to begin with, I was body popping in pain, and crying my eyes out, I had to literally beg for more injections to numb me. By telling my story I hope to make other aware of just how wrong this can go. I should never have been left without temps and this is all playing a part in why I am in as much pain as I now am. It’s not worth it #fyp

♬ original sound – Amanda Turner

Таа се упатила на „преправка на туѓата работа“ и сега нејзините заби се бисерно бели и со нови коронки, но вели дека цела недела не можела да јаде ништо поради големите болки.

Под нејзините видеа има разни коментари – од оние во кои на корисниците им е жал за измамата која ја доживеала, до такви кои ја обвинуваат посочувајќи дека алармот требало да биде фактот дека со лекарите контактирала само преку социјалните мрежи.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1