ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 05/2/22 10:03 PM

Дури 10 града без позитивни случаи, нема починати, вели Ковид статистиката за последните три дена

Во последните три дена, од 30 април до 2 мај 2022, направени се 4.620 тестови, а регистрирани се 210 нови случаи на КОВИД-19.

Регистрирани сe 140 оздравени пациенти, а нема пријавено починати лица.

Како што информира Министерството за здравство, од 210 нови случаи на КОВИД-19, најмногу се во Скопје –85, Битола – 51, Прилеп – 14, Кавадарци – 8, Охрид и Штип – по 7, Струмица – 6, Гостивар, Делчево и Берово – по 4, Куманово, Тетово, Велес и Кичево – по 3, Ресен и Демир Хисар – по 2, Струга, Неготино, Пробиштип и Кратово по еден случај.

Од вкупниот број на позитивни (210), регистрирани се 32 реинфекции.

Од 140 оздравени пациенти, во Скопје има најмногу или 73, Битола – 23, Велес – 8, Куманово, Кавадарци и Штип – по 5, Кичево – 4, Прилеп, Гостивар и Струмица – по 3, Тетово и Гевгелија – по 2, Охрид, Неготино, Кратово и Демир Капија по 1.

Досега во земјата се направени вкупно 2.022.649 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 309.769, бројот на оздравени пациенти е 299.865, на починатие 9.280, а бројот на активни случаи изнесува 624.

Дури 10 града во државава се без позитивни случаи и тоа: Радовиш, Крива Паланка, Дебар, Валандово, Богданци, Крушево, Македонски Брод, Македонска Каменица, Пехчево и Дојран. Скопје и понатаму останува со најмногу позитивни – 283.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1