ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 05/2/22 8:58 PM

За влез во Македонија се чеа два часа – Заврши викендот во Грција

Ако долгите колони во петокот беа за излез од земјава, кон Грција, вечерва колони возила има обратно – за влез во земјава.

Наши читатели ни јавуваат дека два часа чекале за влез и тоа околу час и половина на страната на Грција, додека на македонска страна чекале околу половина час.

Тие велат дека многумина, токму поради колоните се одлучиле да се вратат утре изутрина, со што би се избегнало чекањето на граница.

Велат и дека во колоните има и возила од околните држави, кои исто така продолжениот викенд го поминале покрај море.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1