ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 05/2/22 7:00 PM

Сосема обични девојки од соседството – Како изгледаа принцезите пред да влезат во кралскиот двор?

Принцот на бел коњ најчесто постои само во бајките. Доколку не се движите во високи кругови и немате ни најтенка врска со светскиот крем, подобро е да го побарате вашиот принц некаде во соседството. Сепак, фактот дека не е секогаш така и дека бајките можат да се остварат, доказ се и жените кои денес се принцези, војвотки или кралици. Сите тие биле обични девојки кои подоцна од љубов влегле во кралското семејство.

Денес, кралицата Ранија од Јордан е една од најстилските жени во светот. И како млада, таа мораше да побегне од војната. Во 1993 година, таа го запознала јорданскиот принц Абдула II бин ал-Хусеин на забава и нејзината бајка оживеала. Тие се венчаа шест месеци подоцна.

Летиција Ортиз работеше како новинар на телевизија кога го запозна принцот од Астурија, кој стана нејзин сопруг во 2004 година. Кога неговиот татко абдицирал од тронот во 2014 година, таа станала кралица на Шпанија.

Меган Маркл беше телевизиска и филмска актерка кога го запозна британскиот принц Хари.

Таа денес, како и Хари, повеќе не е дел од британското кралско семејство од кое доброволно си заминаа, но сепак привлекува големо внимание кај јавноста каде и да се појави.

Јужноафриканската олимписка пливачка Шарлин Висток го запознала принцот Алберт од Монако по едно натпреварување и набрзо се заљубиле.

Алберт и Шарлин денес имаат проблеми во бракот, но таа се бори да остане силна и да биде вистински пример за своите деца.

Кетрин Мидлтон била само студентка кога го запознала принцот Вилијам. Денес тие двајца патуваат низ светот, одгледуваат деца и живеат вистински мал филм.

Интересно е што ниту една од овие жени не била воспитана да живее на кралскиот двор, но со текот на времето сите го запознале овој нов свет и се усогласиле со него.

Нема сомнеж дека не им е секогаш лесно, меѓу другото, затоа што многу од нив морале да се откажат и од поважни и од помалку важни работи.

На пример, нивниот стил и изглед претрпе голема трансформација бидејќи е многу важно каква слика му испраќаат на светот со новата функција. За љубов, тие се откажаа од лежерните комбинации во тренерки, оскудни мини фустани или јавни појавувања во бикини.

Но, некои би рекле – мала цена да се влезе во дворот.

извор: Nova.rs

фото: express.co.uk, /theviraler.com/


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1