ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 05/2/22 9:00 PM

Жените открија како изгледаат запросувањата кои ги одбиле – Мажи овие грешки може скапо да ве чинат

Истражувањето за одбиените предлози покажа дека во таква категорија главно спаѓаат предлози кои се одвиваат во присуство на многу луѓе.

Можете ли да замислите како треба да изгледа предлогот што веднаш би го одбиле?

Во студијата „Правила на ангажман: Анализа на содржината на прифатените и отфрлените предлози за брак“, објавена во Журналот за семејна психологија, психолозите Лиза Хоплок и Дејна Ентони Стинсон од Универзитетот во Викторија анализирале 374 објавени приказни за одбиени и прифатени бракови.

Секако, повеќето приказни се напишани од жени, а еве како изгледаат одбиените предлози:

Јавен предлог
Запросувањето пред други луѓе во повеќето случаи завршува со одбивање. Од предлозите кои биле успешни, други лица биле присутни само во третина од случаите (32 проценти).

Двојката никогаш не зборувала за брак пред да ја запроси
Истражувањата покажаа дека оженетите најчесто живееле заедно порано. Во дури 40 проценти од случаите во кои жените одбиле брак, никогаш не се ни обиделе да живеат заедно со партнерот.

Предлог без прстен
Ако нема прстен, жените се способни да го одбијат партнерот. Предлогот без прстен бил одбиен 8,5 пати почесто отколку што бил прифатен.

Предлог како спас
Сигурно познавате парови кои, да речеме, по пет години врска одлучуваат дали ќе раскинат или ќе се венчаат. Жените се тие кои често одбиваат предлог кој бил даден со цел да се „спаси“ врска која повеќе не функционира.

Сепак, најчеста причина за одбивање е тоа што жената мислела дека нејзиниот партнер и таа се премногу млади или дека се уште не се подготвени за брак.

извор: Mondo.rs

фото:

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1