ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 05/4/22 8:00 AM

Дали е здраво сушеното овошје? Познавачите велат зависи како е направено

Ако сакате слатко и сакате да консумирате лесни закуски додека се движите или сте на работа, сувото овошје (како суво грозје, кајсии и сливи, на пример) веројатно ви е привлечно.

Дали е здраво сувото овошје?

Вистината е дека зависи од тоа како е направено. Сувото овошје може да биде или добар додаток во вашата исхрана во мали количини или таканаречена „здрава храна“ која никогаш не треба да ја јадете.

Еве ја добрата вест: анализа на Националното истражување за здравје и исхрана во 2020 година покажа дека возрасните кои вклучиле суво овошје во нивната исхрана уживале во придобивките како што се поквалитетна севкупна исхрана и поголем внес на хранливи материи. Резултатите од анализата покажаа дека внесот на растителни влакна, калиум и незаситени масти кај учесниците бил поголем во деновите кога се консумирало суво овошје во споредба со оние денови кога не се консумирало – иако се трошеле повеќе калории.

Кое суво овошје е најздраво?

Под претпоставка дека избирате сорти без додаден шеќер или масло, здравото суво овошје вклучува:

суво грозје,

кајсии,

сливи,

сушени бобинки вклучувајќи боровинки, јагоди, гоџи бобинки итн.,

цреши,

брусница,

манго,

портокал,

чипс од банана.

Кое сушено овошје има најмалку шеќер?

Најпрво, секогаш избирајте ги видовите кои не доаѓаат со додавање шеќер, а доколку ги има, прочитајте ја декларацијата на пакувањето. Додадените шеќери се кријат зад имињата фруктоза, сахароза, сирупи, сокови итн. Меѓу видовите со најмала содржина на шеќер се гоџи бобинките, сувото грозје, кајсиите и сливите.

Извор:   index.hr


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1