Како Зеленски го преживеал атентатот – сведоштво за првиот обид
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 04/29/22 9:37 AM

Како Зеленски го преживеал атентатот – сведоштво за првиот обид

Во раните утрински часови на 24 февруари, на самиот почеток на воената агресија, руски командоси пристигнале во претседателската резиденција во Киев и се обиделе да ја нападнат канцеларијата на украинскиот претседател Володимир Зеленски. Тој бил внатре, заедно со сопругата Елена Зеленскаја и нивните деца. Ова го сведочи самиот Зеленски во интервју за американскиот магазин „Тајм“’, кој објаснува дека обезбедувањето на претседателската палата успеало да го заштити, како што вели, „со се’ што имаше внатре“.

Како што подоцна се утврди, руски војници упаднале со падобран во центарот на Киев и за само неколку минути пристигнале во претседателската резиденција.

Почнале истрели од внатрешноста на претседателската канцеларија. Обезбедувањето во канцеларијата ги исклучило светлото и донеле панцири и митралези за претседателот Зеленски и десетина негови помошници.

Обезбедувањето по некое време со борба и пукање, на крајот успеало да ги неутрализираат Русите и да ги заштитат претседателот и неговото семејство, покажувајќи неспоредлива храброст, вели Зеленски.

-Руските трупи двапати се обидоа да извршат атентат“, изјави советникот на претседателот, Олексиј Арестович за американскиот новинар Сајмон Шустер.

 

Извор: Segodnya

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7