ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 05/1/22 7:00 PM

Германски град им дозволи на жените да се капат топлес во базен за да се избегнат спорови за родовиот идентитет

Германски град одлучи да им дозволи на жените, покрај мажите, да се капат „топлес” во базен. Се работи за Гетинген, централна Германија, што ќе стане првиот град во земјата кој ќе им овозможи на пливачките да се рекреираат со голи гради, во рамки на споровите за родовиот идентитет.

Спортскиот комитет на градот им препорача на затворените и отворените базени во градот – на сите капачи да им биде дозволено да се капат без горен дел од костимот за капење, за време на викендите, почнувајќи од 1 мај, соопштија властите.

Одлуката е донесена откако пливач(ка), биолошка жена, наводно, бил(а) замолен(а) да си го покрие телото на базен, што предизвика протести поради тоа што таа / тој се идентификувал како машко, како што изјави претставник на локалната власт.

По долга дебата, властите одлучија дека најправеден начин е можноста – сите капачи да можат да се капат „топлес”. Германија, инаку, има популарно нудистичко движење познато како „ФКК” – скратено од „Frei-Koerper-Kultur” (Култура на слобода на телото). Но, потегот од Гетинген, кој првично треба да трае до август, е првиот за јавните бањи за капење (слично правило постои во некои сауни), кои традиционално досега дозволуваа само мажите да се капат без горниот дел од костимот.

Некои луѓе сметаат дека ова не треба да важи само за викенди. Но, властите сметаат дека правилото за викенд е неопходно за да се спречи несакано влијание при училишните часови за пливање.

фото: www.expaturm.com


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1