ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 04/29/22 8:05 AM

Од денеска посвежо и врнежливо време

Од синоќа настапи промена на времето, при што денеска не’ очекува променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд, претежно во јужните делови од земјата. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер со максимални температури од 16 до 22 степени.

Во Скопје, променливо облачно со умерен до засилен северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до седум, а максималната ќе достигне до 21 степен.

Утре се очекува опаѓање на температурата за неколку степени, по што следува период на променливо облачно и посвежо време наместа со повремен дожд и услови за ретки грмежи. Врнежите ќе бидат поинтензивни во сабота во текот на ноќта и во недела преку ден.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7