ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 04/27/22 2:01 PM

„Секогаш си поминувам убаво во вашата земја“ – Концерт на Петар Грашо во Скопје

Миленикот на балканската публика Петар Грашо ќе одржи голем солистички концерт во Скопје.

Концертот ќе се случи на 18-ти мај, а домашната публика ќе има можност уште еднаш во живот  да ги слушне хитовите: „Уторак“, „Ко нам брани“, „Волим и Постојим“, „Ако те питају“, „Моје злато“, „Јел ти река ко“ и многу други…

„Бев пред неколку недели во Скопје, си поминав преубаво. Всушност јас секогаш си поминувам преубаво во вашата земја. Не за бадијала покојниот Оливер Драгоевиќ доагаше неколку дена порано пред неговите концерти во Македонија, сега го разбирам зошто. Едвај чекам да дојде 18-ти мај и заедно да пеам со македонската публика – вели Грашо.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7