ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 04/27/22 12:58 PM

Укинување на антиковид мерките, освен често миење раце, дезинфекција и дистанца, информираат од МЗ

Укинување на сите рестриктивни мерки за справување со Ковид-19, препорача Комисијата за заразни болести на денешниот состанок, од каде сметаат дека сепак, носењето маска и понатаму треба да биде задолжително во здравствени установи, аптеки, јавен превоз и домови за стари лица.

За ова преку писмено соопштение денеска информираше Министерството за здравство. Во соопштението е наведен и апелот на Комисијата, граѓаните да ги почитуваат препораките за лична заштита и хигиена, како што се често миење раце, дезинфекција и одржување дистанца.

Од Комисијата потсетуваат дека вакцинацијата и понатаму останува најдобра и најефикасна мерка за заштита на здравјето на населението. Комисијата за заразни болести на дневна основа ја следи состојбата со Ковид-19 и доколку има потреба ќе бидат препорачани нови мерки, стои во соопштението.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7