ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 04/23/22 1:32 PM

(Видео) „Опа, се случува земјотрес“ – Како среде тресење да се остане мирен и без паника

Водителката на ноќниот „Дневник“ на Црногорската телевизија, Милица Павиќевиќ, во емисијата во живо ги покажа своите одлични вештини среде земјотресот што го потресе регионот.

Среде водење дневник студиото почна да се тресе, сценографијата и камерите треперат, а таа, иако буквално и метафорично потресена, не дозволи да се забележи.
„Опааа, уууу …земјотрес се случува во моментов… Се надевам дека се ќе биде добро. Продолжуваме со Дневник, малку е турбулентно, но…“, рече Павиќевиќ и продолжи да ги води вестите.


Земјотрес во живо – г-ѓа Павиќевиќ и професионалец“, напиша еден твитерџија покрај видеото кое на големо се споделува на социјалните мрежи.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7