ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 04/23/22 9:20 AM

Повеќе од 30 земјотреси во текот на ноќта БиХ

Повеќе од 30 земјотреси со послаб интензитет се регистрирани во Херцеговина во текот на ноќта, покажаа податоците на Републичкиот сеизмолошки завод на Србија кои ги пренесува Кликс.ба.

Најсилниот бил утрово во 4:20 часот, кој бил со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала. Во 2:59 часот бил 4,3 степени, во 2:02 бил 2,6 степени, а во 1:55 бил 2,9 степени според Рихтеровата скала. Епицентрите на сите земјотреси биле кај Столац.

Една девојка загина  кога голема карпа паднала врз нејзината куќа во Столац, Босна и Херцеговина.

Таа била донесена во болницата во Мостар во тешка состојба и докторите не можеле да и го спасат животот. Нејзините родители биле полесно повредени.

Силен земјотрес синоќа ја погоди БиХ во 23 часот и седум минути, а епицентарот на потресот бил во Херцеговина, на 15 километри од Столац. Хрватската сеизмолошка служба информира дека земјотресот бил со јачина од 6,1 степени, а ЕМСЦ тврди дека земјотресот бил со јачина од 5,8 степени.

Синоќешниот земјотрес со епицентар во БиХ е почувствуван и во Северна Македонија, Црна Гора, Хрватска, Србија, Словенија, Италија и Албанија.

Бројни граѓани на Босна и Херцеговина, Хрватска и на Црна Гора неколку секунди пред синоќешниот земјотрес на своите Андроид телефони добиле предупредување дека ќе има земјотрес.

Овој начин на известување досега не е забележан на мобилните телефони со Андроид и поддршка од сервисот на Гугл. Системот за предупредување за земјотреси на Андроид испратил јасна порака дека граѓаните се наоѓаат во потенцијално опасно подрачје, добиле и упатства како да се однесуваат за време и после земјотресот и оти треба да бидат во готовност затоа што последователни потреси се вообичаени при смирувањето на тлото.

Системот работи така што паметните телефони имаат мали акцелерометри (уреди за мерење на забрзувањето на тело во движење) и тие можат да детектираат сигнали кои укажуваат на можен земјотрес.

Доколку телефонот детектира такво нешто, тој автоматски испраќа сигнал до серверот за детекција на земјотрес заедно со локацијата каде што се случува. Серверот потоа комбинира информации од голем број уреди и заклучува дали навистина се работи за земјотрес. Бидејќи сè се случува со брзина на светлината (приближно брзината со која се движи телефонскиот сигнал), таа е многу поголема од брзината на земјотресот и овозможува такво брзо известување.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1