ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 04/22/22 4:00 PM

(Видео) Едноставна, а импресивна техника: Бојадисајте ги јајцата со памук!

Ако се уште размислувате со која техника годинава да ги бојадисате јајцата за Велигден, ви предлагаме да употребите едноставен метод за бојадисување со памук. Се работи за брз и едноставен начин на бојадисување, а се’ што ви треба е поголемо парче памук и течни бои за јајца.

Парчето памук треба да биде доволно за да може со него да се опфати целото јајце, а потоа нанесете боја по ваш избор. Доколку пак имате памучни туфери, прво ставете фолија, па врз неа наредете неколку туфери еден до друг, а потоа врз нив ставете боја.

Потоа ставете го јајцето врз памукот, завиткајте го од сите страни и тапкајте го. Почекајте 15 минути, а потоа извадете го јајцето и премачкајте го со масло за дополнителен сјај.

Резултатот ќе биде доста импресивен – ќе добиете прекрасни шарени јајца!

 

Извор: stil.kurir.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7