ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 04/17/22 7:08 PM

„Што не дојде денес во Мелник да не видиш“, и порачаа Македонците на Јотова од гробот на Јане Сандански

Бугарската вицепретседателката Илјана Јотова со изјавата вчера во Битола и утрово во Охрид ги налути Македонците во Бугарија, кои денес се собраа во Мелник за да му оддадат почит на Јане Сандански.

Семакедонскиот собор со соопштение се обрати со јавноста:

-Требаше да дојде денес во Мелник на Семакедонскиот собор организиран од седум организации на бугарски државјани со македонска самосвест, за да ги види стотиците Македонци кои наспроти дождот сепак дојдоа да му оддадат почит на Јане Сандански.  Да ги види Македонците во Бугарија за кои ниту чула ниту видела. Истите оние кои нејзината држава некогаш ги признавала. Истите оние, кои нејзината држава со децении ги дискриминира. Истите оние кои веќе 32 години се мачат да регистрираат организации и партии во Бугарија.

Истите оние зарад кои Бугарија е веќе 14 пати осудена во Стразбур. Истите оние за кои пишуваат сите меѓународни извештаи за правата на човекот за Бугарија, вклучително последниот на Стејт департманот. Истите оние кои повеќе од деценија попусто бараат средба со нејзиниот шеф – претседателот на Бугарија, кој ниту наоѓа време да ги прими, а ниту да им одговори. Можеби треба да го праша Румен Радев, или заедно да прашаат во канцеларија или архива, кој таму ги крие писмата на овие Македонци та бугарскиот вицепретседател да не знае ништо за нив, , велат во соопштение организаторите на Семакедонкиот собор.

На честувањето од 107-годишнината од убиството на Јане Сандански беше и претседателот на Левица, Димитар Апасиев. Во партиското соопштение се вели:

-Највисока партиска делегација составена од претседателот на Левица, проф. д-р Димитар Апасиев и генералниот секретар Јована Мојсоска, беше дел од чествувањето на 107 годишнината од смртта на македонскиот револуционер Јане Сандански – предводникот на левото крило на Организацијата.
Делегацијата учествуваше на централната манифестација, организирана од здруженијата на македонското малцинство во Мелник (Пиринска Македонија), а потоа – во Роженскиот манастир – положи и свежо цвеќе на гробот на еден од најголемите македонски дејци. Сандански претставува маркантна личност во борбата за национално ослободување на македонскиот народ, како доследен револуционер кој се борел против врховистичките идеи на бугарските власти, се вели мегу другото во информацијата од Левица.
Со соопштение денес и организацијата НовАсном информираше дека се поклонила на гробот на Јане Сандански.
-Овде во Мелник, со неколку забранети организации од Република Бугарија, како и организации од Македонија, и Македонски претставиници од Албанија и САД, заедно го чествуваме денот на убивството на големиот македонски револуционер Јане Сандански. Го одбележуваме денот кога големиот борец Јане Сандански, до последниот час, не попушти пред притисоците да ја запре борбата за слободна Македонија, остана доследен на своите идеи и принципи според кои, само македонскиот народ треба да одлучува за својата иднина и судбина. Денеска, од овде, од Мелник, гласно нагласуваме дека, денеска Република Македонија и македонската нација стојат исправени пред  слични, ако не и, пред исти предизвици кои ги имаше Јане од сите негаторските политики за постоење на самостојна и суверена Македонија и македонска држава, се вели мегу другото во соопштен ието од организацијата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1