ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 04/16/22 6:41 PM

ЕУ ни праќа оружје што не го побаравме, а пристигнувањето трае предолго, рече Подољак

Советникот на украинскиот претседател Володимир Зеленски и шеф на преговарачкиот тим на Украина Михајло Подољак рече дека Украина добила оружје од Европа што не го побарала и дека се чека долго тоа да пристигне во земјата.

– Украина, откако побара оружје од Европа, не го доби она што го бараше и пристигнувањето на оружјето трае предолго, рече Подољак.

Претходно оваа недела, тој им оддаде почит на војниците кои го бранат опколеното јужно пристаниште Мариупол, но призна дека снемуваат резерви.

– Тие се борат под бомби за секој метар од градот. Ја принудуваат Русија да плати превисока цена, рече Подољак.

МИА

Фото: Твитер


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1