ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 04/13/22 11:28 PM

(Видео) „Веруваме дека ќе ве направиме горди“ – „Некст тајм“ ја промовираа „Кога падна на Пирина“

Ова е последната песна од нашиот проект на преработка на стари македонски песни, рекоа Мартин и Стефан од „Некст тајм“ на вечерашната промоција на спотот за „Кога паднав на Пирина“, во киното „Милениум“.

Двајцата рекоа дека ова не е класичен спот, туку филмски и навистина по аплаузот на преполната кино сала, се виде дека направиле вистинско дело.  „Кога панда на Пирина“ е песна посветена за смртта на Јане Сандански, па од неговото убивање сцени играше професионален актер. Аранжманот на песната го изработи музичарот Николче Мицевски.


-Веруваме дека македонскиот дух ќе живее вечно преку оваа песна. Веруваме дека ќе ве направиме горди!!!, порачаа браќата Мартин и Стефан.

Пред да биде промовиран спотот тие во видео пораки ги објаснија создавањето на ова дело, кое навистина изгледа како филм.

Погледнете што направиле Мартин и Стефан со екипата на чело со Огнен Шапковски:

На промоцијата присуствуваа многу познати фаци од јавниот ѓивот, но и нивни блиски.

Погледнете ја галеријата направена од нашиот фоторепортер Вангел Тануровски:

(В.М.)

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1