ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 04/14/22 9:00 PM

Имала екстра тарифа, а побегнала од Србија за да не ја уапсат – Позната водителка дел од елитната проституција

Позната водителка од Србија чии фотографии се наоѓаат во еден од каталозите на естрадните проститутки побегнала  во странство во паничен страв од апсење, дознава српски Курир.

Таа моментално се наоѓала во една европска земја каде отишла на денот на големата полициска акција во која се уапсени неколку макроа и проститутки и ќе платат казна од 50.000 до 100.000 српски динари за вршење на најстариот занает.

Веднаш штом замина во странство, водителката сите нејзини социјални мрежи ги затвори, а од сајтовите на кои се огласуваше веднаш ги избриша сите провокативни фотографии, велат упатените.
– Заносната бринета беше една од поскапите девојки во каталогот, имаше дополнителна тарифа. Заработила од проституција за луксузен стан и автомобил. Таа беше една од најбараните девојки во бизнисот, бидејќи макроата ја нудеа како најдобра девојка во сексот, па имаше привилегија да избере со кој клиент ќе биде. Не секој би можел да ја има, само кого таа ќе избере. Сите мажи кои беа со неа велат дека таа е навистина врвна – вели изворот за курир.рс и продолжува:
– Водителката најпрвин работела кај уапсениот макро Душко Бањац. Тиквата меѓу нив двајца пукна пред две години за 1.000 евра. После тоа почнала да соработува со поранешната сопруга на познат пејач, која е мадам, и една од главните. Кога ја виде нејзината фотографија во еден од каталозите кои ги објави Курир, затрепери од страв, бидејќи и беше јасно дека е откриена и се плашеше дека нејзиното име еден ден ќе се појави во медиумите, рекол изворот.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1