ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 04/12/22 2:46 PM

До 15 мај продолжена забраната за извоз на житарки, до 31 мај укината царината за увоз на зејтин

Забраната за извоз на оделни житарки и сончогледово масло е продолжена за 30 дена, до 15 мај, а царината за увоз на масло за јадење е укината до 31 мај, соопшти денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

-На предлог на Министерството за економија во координација со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство Владата на денешната седница донесе одлука да ја продолжи забраната за извоз на одделни житарици и сончогледово масло до 15 мај 2022 година, објави Бектеши на својот фејсбук профил.

Согласно оваа одлука, и во наредните 30 дена, до 15 мај 2022 година, ќе биде забранет извоз на: пченица и наполица, јачмен, пченка, брашно од пченица и наполица, семе од сончоглед-вклучувајки кршено или дробено, масла од семе од сончоглед, шафраника или мапуково семе и нивни фракции, пречистени или непречистени, но хемиски немодификувани, од сончоглед.

Исто така, на предлог на Министерството за економија, Владата на денешната седница донесе одлука за укинување на увозната давачка-царинска стапка за увоз на масло од сончоглед за јадење до 31 мај 2022 година.

-Потребата за продолжување на рокот за забрана за извоз за следни 30 дена односно по 15 април 2022 година до 15 мај 2022 година, како и да се укине царинската стапка за увоз на масло од сончоглед за јадење до 31 мај 2022 година е да се задржи тековната состојба на домашниот пазар од можноста на сериозни пореметувања поради недостаток на стоки, неопходно потребни за производството, преработката и за животот и здравјето на граѓаните, до новата реколта, како и дополнителен стимул за одржување на снабдување на домашниот пазар од растот на цените, напиша министерот Бектеши.

Целта на овие мерки е заштита на домашниот пазар и граѓаните во време на криза за да се избегнат шпекулативни дејства на трговците и производителите и за заштита на домашното производство, домашниот пазар и граѓаните.

-Приоритет на нашата Влада е е да го заштитиме стандардот на граѓаните и да се одржи економска стабилност, нагласува министерот.

извор: Министерство за економија


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7