ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 04/12/22 11:06 AM

Денис Тот ќе биде погребан во 15 часот, хрватските медиуми вперуваат прст кон наркодилерот

Родното Ѓаково се подготвува за последниот поздрав и збогување на хрватскиот 27-годишен ракометар Денис Тот, кој ќе биде погребан попладне во 15 часот, на градските гробишта во родниот град. Со денови се палат свеќи пред спортската сала во Ѓаково, каде што тренираше Денис. Неговите пријатели и соиграчи во изјавите за хрватските медиуми велат дека секогаш доаѓаше во Ѓаково на паузите што ги имаше во текот на првенствата, особено во летните паузи, да тренира во салата, постојано се поздравуваше со сите, беше срдечен.

Пријателот на Денис и поранешен соиграч Кристијан Ексеричиќ изјави дека Денис има големо срце и дека е талентиран спортист.

-Денис беше вистински пријател, тој беше искрен, со големо срце, секогаш беше позитивен, тој беше исклучително талентиран ракометар“, рече Кристијан за дневникот на ТВ Нова.

Ракометарот Денис Тот почина во Скопје откако беше претепан. Вчера кружеше видео од неговиот напад, по што подоцна беше повлечено. Но, снимката е доволно илустративна, коментираат хрватските медиуми.

„Тпортал“ пишува дека Тот е жртва на македонски наркодилер, додека Индекс пренесувајќи изјави од истрагата и на хрватската амбасадорка во Скопје, јавува дека мотивите за нападот се’ уште не се познати. На видеото се гледа дека најмалку осум луѓе посведочиле за нааpдот на Денис.

-Сега се слушнав со припадниците на МВР, ги прават сите потребни дејствија, ги разгледуваат доказите за сите негови контакти, очекуваме дека наскоро ќе имаме јасна реализација и ќе го најдеме првоосомничениот“, ја пренесува  „Индекс“ изјавата на обвинителот Гаврил Бубевски.

Бубевски вели дека проверуваат и наведуваат дека првоосомничениот во Словенија е осуден за „дилање“ дрога. Мотивот за нападот се уште не е познат, а камерата покажала дека Денис не пружил никаков отпор. Обвинителот вели дека има индиции дека ракометарот и самите напаѓачи се обиделе да помогнат, но тоа се уште не е потврдено.

„Кога видоа дека ѓаволот ја однесе шегата, дојдоа и помогнаа со масажа на срцето“, рече обвинителот.

Клиниката за интензивна нега каде што почина Денис ги отфрла шпекулациите и вели дека министерот за здравство започнал истрага, изјави Нивес Тигањ, амбасадорка на Хрватска во Северна Македонија, пишува „Индекс“.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1