Груевски и Мијалков со семејствата на црна листа на САД, објави Стејт департментот
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 04/11/22 5:37 PM

Груевски и Мијалков со семејствата на црна листа на САД, објави Стејт департментот

Екс премиерот Никола Груевски и екс директорот на УБК, Сашо Мијалков, американскиот Стејт департмент ги стави на црна листа,  заедно со членовите на нивното потесно семејство, како неподобни за влез во САД и ќе биде блокиран целиот нивни имот и интереси во нивна сопственост во САД.

Прилината, како што се наведува, е е одговор на нивното учество во значајна корупција.

Стејт департментот објави дека  нивните дела го поткопуваат владеењето на правото, демократските институции и јавните процеси и ја еродираат јавната доверба во владата.

„Во службено својство на премиер, Груевски беше вмешан во коруптивни дејствија меѓу кои користејќи го своето политичко влијание и официјалната моќ за лична корист. Поточно, постојат веродостојни информации дека Груевски ја злоупотребил моќта на својата функција за да бара и прима мито за возврат на владини договори, незаконски присвоени јавни средства и мешање во изборните процеси за политичка полза за себе и за неговата партија“, се вели во информацијата од Стејт департментот.

Мијалков, пак, според нив „во службеното својство на директор на УБК, бил инволвиран во коруптивни дела меѓу кои и користење на неговото политичко влијание и официјална моќ за лична корист. Поточно, има веродостојна информација дека Мијалков го злоупотребил овластувањето на функцијата за да бара поткуп за возврат да се склучат владини договори, и се мешал во изборните процеси во своја и политичка корист на својата партија“.

 

Во продолѓение е линкот од целото соопштение на Стејт департментот.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7