ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 04/11/22 1:12 PM

Цеца и Анастасија подготвуваат спектакл во Пробиштип – Мајка и ќерка прв пат заедно на концерт

На 11 јуни во Пробиштип  ќе се одржи неколкучасовен музички хепенинг со балканската ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ и нејзината наследничка, младата ѕвезда Анастасија Ражнатовиќ.

Ова е нивни прв заеднички концерт, кој ќе се одржи во „Aqua Park Probistip“ во Пробиштип, а гости освен од нашата земја, се очекуваат и од соседните земји како Бугарија и Србија.

Цеца и Анастасија во Пробиштип доаѓаат со цела „армија“ од професионалци кои се ќе потрудат да звучат и изгледаат светски. Во Македонија со Цеца и Анастасија ќе пристигнат и членови од нивното најблиско семејство, односно Вељко Ражнатовиќ со неговата сопруга и уште неколкумина други…

Организаторот на овој музички концерт, „Aqua Park Probistip“  ин формира дека веќе започнуваат подготовките за концертот и дека Цеца и Анастасија ќе пеат на можеби најмодерната музичка опрема досега во нашата земја.

„Цеца е перфекционист кога станува збор за звукот, стејџот. Ќе ја донесеме најмодерната техника и веруваме дека ќе имаме концерт налик оние на светските ѕвезди. Интересот е навистина огромен, очекуваме неколку илјадна публика во Пробиштип, а веќе почнаа да резервираат карти и гости до Србија и Бугарија – велат организаторите.

Влезниците од среда (13-ти април) ќе бидат пуштени во продажба и ќе можат да се набават онлајн преку мрежата на „www.kupikarta.com“, како и Розе Вер 2, White Horse Скопје и билетарата на Aqua Park Пробиштип.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7