ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 04/10/22 7:53 PM

(Видео) Македонија под снег среде пролет

Денеска повисоките места низ Македонија ги побеле снежна покривка од неколку сантиметри, што најмногу ги исплаши овоштарите кои стравуваат да не им замрзнат овошните насади кои се веќе расцутени.

Врнежи од снег денеска се забележани на превоите Стража пред Гостивар, во Малешевијата и на ски центрите Попова Шапка, Пониква, Крушево, Пелистер и Маврово.

Според информации на патници, но и од надлежните лица од „Македонија Пат”, најмногу снег е регистиран на Граничниот премин Делчево – Станке Лисичково, додека со нешто послаб интензитет и во општините Пехчево и Берово.

– Во вакви ситуации апелираме да се вози внимателно најмногу поради појавата на одрони на магистралата А3, Делчево – Македонска Каменица – Кочани. Во моментот одрони се забележани на патот Делчево – Пехчево, заради што исто така упатуваме на внимателно возење, истакнаа од „Македонија Пат”.

ММС


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1