ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 04/10/22 10:15 AM

„Нешто смрди, мириса на бензин, се е супер!“ – Макс Ферстапен вторпат не ја заврши трката поради проблеми со болидот

Актуелниот шампион во Формула 1, Макс Ферстапен ќе биде крајно бесен по трката за Големата награда на Австралија. Мораше да се откаже во 39-от круг откако неговиот болид повторно откажа, вторпат во три трки сезонава!

Тој прво се „заклучи“ на самиот крај на трката во Бахреин, потоа Макс славеше на трката во Саудиска Арабија со голем пресврт на три круга пред крајот, за да му се запали автомобилот во Австралија. Ферстапен почувствувал мирис на бензин и горење и го извести својот тим, а потоа доби инструкции да го паркира болидот надвор од патеката.

Тој излезе навреме, пред автомобилот да почне да гори, а потоа стражарите брзо истрчаа да го запрат огнот. Ним им помогна и Ферстапен, кој беше целосно разочаран од фијаското со новиот автомобил.

Луѓе, мирисам нешто, смрди… Се е супер“, изјави Ферстапен, кој тогаш беше втор во редот.

Цело време возеше зад Шарл Леклер, кој исто така ја освои пол-позицијата, но сигурно е дека негов поголем проблем оваа сезона од Луис Хамилтон ќе бидат Ферари и неговиот болид. Ред Бул од оваа сезона не ја опремува Хонда, односно самите ја развиваат единицата со својата технологија, а тоа не функционираше.

Победата на австралиската трка ја оствари Шарл Леклер во Ферари, а потоа следуваа Серхио Перез (Ред Бул), Џорџ Расел (Мерцедес), Луис Хамилтон (Мерцедес), Ландо Норис (Мекларен), Даниел Рикардо (Мекларен).


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1