ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 04/7/22 8:39 PM

Доделени наградите „Никола Младенов“ на МИМ

Вечерва беа доделени наградите  „Никола Младенов“ на Македонскиот институт за медиуми (МИМ), кој годинава слави 20 години од постоењето.

МИМ традиционално ги доделува наградите за истражувачка сторија, најиновативен новинарски производ и најдобра репортерска фотографија.

Оваа година дел од комисијата беа Јадранка Костова, Борис Грдановски, Александар Манасиев, Верица Јорданова и Биљана Петковска.

Наградата за најдобра репортерска фотографија му се доделува на Игор Бансколиев од Нова Македонија за фотографијата „Херојот од Дељадровце“, направена за време на пожарите.

Наградата за Најдобар иновативен новинарски производ ја доби новинарката Катерина Топалова, за мултимедијалната сторија „Од партиска крава до златна кокошка “ објавена на интернет-платформата „Само прашај“.

Пофалница за истакнат новинарски ангажман доби Влатко Стојановски за серијалот текстови на тема  „Офшор компании“,  објавени на интернет-платформата на СКУП Македонија

Наградата за најдобра истражувачка сторија ја доби новинарката Ирена Каревска  за серијалот од 10 тв прилози,  преку кој го истражува случајот за набавката на софтвер за автоматско казнување на сообраќајни прекршоци од сгтрана на поранешниот секлретар на Влкадата, Драги Рашковски, објавено во емисијата „30 степени“ на Алсат М телевизија.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1