ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 04/6/22 8:43 PM

Кои се ќерките на Путин, на кои Америка им воведува санкции?

САД воведоа нови санкции за руски финансиски институции и поединци, меѓу кои и двете ќерки на рускиот претседател Владимир Путин.

Според Си-Ен-Ен, повикувајќи се на висок функционер во Белата куќа, ќерките на рускиот претседател се на списокот со санкции бидејќи се верува дека рускиот претседател можеби kaj нив крие дел од својот имот. Без да прецизира кој од средствата на Путин може да биде скриен од Марија Воронцова и Катарина Тихонова, функционерот рече дека оваа практика е вообичаена меѓу руската елита.
Кои се ќерките на Путин?
Од првиот брак со Људмила,  Путин има две ќерки – Марија и Катарина. Со години не можеше да се најде ниту фотографија од наследничките на Путин. Една од ретките прилики кога зборуваше за своите ќерки беше во 2015 година. Потоа изјавил дека и двете живеат во Русија и дека „никогаш не живееле трајно на друго место“.

https://www.youtube.com/watch?v=I5sY98UdyqQ

„Студираа само на руски универзитети. Јас сум горд на нив. Тие продолжуваат да учат и работат. Моите ќерки течно зборуваат три европски јазици. Една од нив зборува дури и еден или два ориентални јазици. Тие ги прават своите први чекори и се успешни“, рече тој.
Многумина мислат дека ова не е вистина. Во текот на 1980-тите, Путин живеел со своето семејство во Дрезден како агент на КГБ. Тие подоцна се преселиле во Санкт Петербург, каде што наводно ќерките на Путин оделе во германско училиште. Се зборува дека Путин подоцна по завршувањето на училиштето ги вратил во Германија, бидејќи се плашел за нивната безбедност.
Екатерина или Катарина Тихонова
Катарина Тихонова (35) е помладата ќерка на Путин. Родена во Дрезден, таа одлучила да го земе презимето на бабата по мајка наместо презимето на татко и. Катарина ја води компанијата „Инопрактика“ и е заменик-директор на Институтот за математички истражувања на сложени системи на Московскиот државен универзитет. Само научниот центар вреди 1,7 милијарди долари. Докторирала физика и математика. Интересно е што се занимава со танцова акробатика и во тоа е многу успешна.

Таа се омажи за милијардерот Кирил Шамалов, син на Николај Шамалов, косопственик на Банката на Русија, во 2013 година, а медиумите пишуваат дека парот се развел во 2018 година. За време на заедничкиот живот, парот поседувал имот вреден околу две милијарди долари. Таблоидите пишуваа дека Тихонова го иницирала разводот откако Шамалов ја изневерил својата поранешна љубовница Жан Волков, со која подоцна се оженил по разводот на Тихонова.

Марија Воронцова
Марија е најстарата ќерка на рускиот претседател. Таа е родена во Санкт Петербург, а денес има 36 години. Семејството и пријателите наводно ја нарекуваат Маша, што е и името на мајката на Путин.  Студирала на Државниот универзитет во Санкт Петербург, каде што дипломирала биологија, а студирала и медицина во Москва. Медиумите пишуваа дека Воронцова наводно е советник на Путин за генетски инженеринг. Извесно време живеела во Холандија, од каде потекнува нејзиниот партнер, бизнисменот Јорит Фасен, со кој има и дете.

Путин еднаш спомна дека има внуци, но не даде повеќе детали за тоа. Тој истакна дека сака неговите внуци да растат нормално, а не како принцови. Како и многу блиски соработници на Путин, не се знае многу за сопругот на Марија. Работел за Гаспром, руска компанија за нафта и гас, како извршен директор, по дипломирањето архитектура на Универзитетот во Хаг.  „Њузвик“ своевремено објави дека станот во кој живеела Марија, кој се наоѓа недалеку од Хаг, е продаден за три милиони долари. Маша живее во Москва од 2015 година. Во 2014 година, жителите на Холандија, наводно, побарале протерување на Воронцова од земјата, откако проруските бунтовници во Украина собориле лет на Малезија ерлајнс.
Наводните вонбрачни деца на Путин
Покрај двете ќерки од првиот брак, се шпекулира дека Путин има и вонбрачни деца. Елизабет Кривоногих или Луиза Розова минатата година се најдоа во центарот на вниманието, бидејќи медиумите пишуваа дека таа е вонбрачна ќерка на Путин, која ја добил од афера со поранешна чистачка. Девојчето е родено во 2003 година за време на првиот мандат на Путин во Кремљ, додека тој сè уште беше во брак. Нејзината мајка е Светлана Кривоногих, некогаш чистачка, а сега милионерка која поседува бројни луксузни имоти во Москва, Санкт Петербург и Сочи. Кривоногих никогаш не ги коментираше тврдењата дека таткото на нејзината ќерка е моќен човек од Кремљ. Фотографии од оваа тинејџерка кружат низ светските медиуми и на социјалните мрежи, а она што на многумина им падна во очи е колку таа личи на рускиот претседател. Откако протекоа вести за наводното „тајно дете“ на Путин, неговиот портпарол се огласи и истакна дека овие тврдења „не се многу убедливи“.

Сепак, некои сметаат дека Розова не е најмалото дете на Путин. Рускиот претседател со години се поврзува со Алина Кабаева – руска олимписка гимнастичарка. Шпекулациите за нивната врска започнаа во 2008 година. Кога Путин се разведе од Људмила, многумина ја видоа Кабаева како причина за пропаѓањето на тој брак. Медиумите пишуваа дека гимнастичарката била бремена во 2015 година, што предизвикало гласини дека носи дете на Путин.
„Њујорк пост“ во 2013 година тврдеше дека Путин и Алина имале тригодишен син и девојче кое се родило во ноември 2012 година. Во 2019 година, Дејли Мејл ја објави веста дека Алина наводно повторно се породила и родила близнаци. Алина никогаш досега не се огласила на оваа тема.

Превземено од: nova.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7