ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 04/6/22 11:04 AM

Се запали соларната електрана „Осломеј“, а денеска Ковачевски требаше да ја пресече лентата

Претпладнево избувна пожар во трансформаторска станица што е дел од новоизградената соларна електрана на поранешниот рудник за јаглен „Осломеј”.

Пожарот е изгаснат, а од компанијата истакнаа дека се работи за пробна работа и оти се можни  вакви дефекти.

Инаку, премиерот Димитар Ковачевски, министерот за економија Крешник Бектеши и директорот на ЕСМ Васко Ковачевски денеска треба присуствуваат на настан за одбележување на завршувањето на градба на фотонапонската електрана „Осломеј 1-10MW” со тест период на целосно монтирана опрема.

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1