ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 04/5/22 5:00 PM

(Вознемирувачко видео) Мртов рапер изнесен на сцена со круна на глава на негова проштална забава

Раперот Гуњу беше убиен за време на грабеж пред две недели, а ноќниот клуб „Блис“ во Вашингтон реши да се збогува на навистина бизарен начин ставајќи го неговото балсамирано тело на сцената.

Обожавателите беа згрозени кога се појави видео од настанот наречен „Последното шоу“, објави Дејли мејл.

Маркел Мороу Гуњу (24) беше убиен на 18 март во областа Хајтс во Мериленд. Неговата мајка Патрис изјавила дека за време на грабежот бил застрелан во грбот и дека од него бил отстранет голем привезок украсен со накит, кој секогаш го носел.

Во неделата, толпа негови фанови се собраа да му оддадат почит на клубот, кој се рекламира како „совршено место за одмор и танцување“. Посетителите наводно платиле 40 долари за да присуствуваат на вечерата.

На бизарната, вознемирувачка снимка се гледа телото на раперот со отворени очи, исправено на сцената, облечено во дуксер, искинати фармерки и со златна круна на главата, додека обожавателите танцуваат околу неговото балсамирано тело. Во еден момент некој пушти огномет. Иако некои истакнаа дека тоа е крајно вознемирувачко и е одраз на непочитување, други рекоа дека „неговото семејство така сака“, објави Дејли Меил.

Раководството на клубот се обиде да се огради од контроверзното „простување“ преку соопштение објавено на „Инстаграм“ во понеделникот.

„Бевме контактирани од локалната погребна куќа за да изнајмиме простор за да го прославиме заминувањето на Гунјувљ дома. Блис не знаеше што ќе се случи. Искрено му се извинуваме на секој што можеби бил вознемирен или навреден“, велат тие.

На видеото не е јасно дали фигурата на сцената е вистинското тело на Гунџу, но раперот Блек Форчн, кој имаше настап таа вечер, тврди дека тоа навистина било неговото тело. „Не, ова не е восочна фигура“, рече тој.

За пукањето во кое беше убиен раперот се уште никој не е уапсен, а полицијата на округот Принц Џорџ понуди награда од 25.000 долари за каква било информација.

извор: Dailymail.co.uk

фото: скриншот


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7