ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 04/5/22 2:04 PM

За Јанакиески затвор, за првиот соработник на Мицкоски, Димовски условна осуда – пресуда за „Топлик“

Вкупно 64 милиони денари е штетата што била нанесена на државата со неуспешната продажба на атрактивно земјиште во Сопиште, поради што денеска на 3 години и 6 месеци затвор беше осуден поранешниот министер Миле Јанакиески.  Во случајот со предметот за „Сончев град“ изречена е уште една затворска казна од три години затвор за Томе Ѓурчилов. Останатите четворица вработени со Министерството за транспорт и врски, кои учествувале во продажбата на земјиштето  – Димитар Димовски, како претседател на Комисијата, Марица Тасева, Димитар Гаќев и Веса Томчевска, добија условна казна од две години. Осудени се за делото „Злоупотреба на службената положба и овластување“ од членот 353 од Кривичниот законик.

Сите заедно, кои судијата Осман Шабани ги прогласи за виновни се задолжуваат да ја надоместат причинетата штета.

Според обвинението, Јанакиески како министер и неговите подредени огласиле и потоа склучиле договор со израелската компанија „Сан сити“ за близу 224 милиони денари, иако биле свесни дека договорот не може да се реализира. Од вкупното земјиште, 13 парцели не биле предмет на договорот. Потоа компанијата „Сан сити“ поднесува тужба, по што државата со судска спогодба исплатила затезна камата од 64 милиони денари, со што го оштетиле државниот буџет.

Предметот „Топлик“ беше отворен од поранешното, а според обвинението Јанакиески, кој како раководно лице во Министерството, спротивно на Законот за јавни набавки составил Комисија за јавни наддавања за продажба на земјиштето. На Комисијата потоа ѝ наложил да избере понудувач за купување и располагање со државно земјиште за изградба на комплекс „Сончев град“ во Сопиште, иако фирмата не ги исполнувала условите за тоа.

Миле Јанакиески е на суд за уште неколку предмети од СЈО. Веќе има правосилна пресуда затвор од 6 години и 3 месеци затвор за случајот „Организаторите на 27 април“. За „Титаник“ Јанакиески доби казна од 4 години и 6 месеци, и две условни казни за предметите „Дизајн“ и „Насилството во Центар“.

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7