Мизерија: Штипски лихвари заработувале од сиромашни со 50 отсто камата, залог била социјалната помош
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 03/31/22 7:30 PM

Мизерија: Штипски лихвари заработувале од сиромашни со 50 отсто камата, залог била социјалната помош

СВР Штип поднесе кривична пријава против С.Ј.(45) и Е.Ј.(40), двајцата од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „лихварство“.

-Во текот на 2020 и 2021 година, пријавените на 19 социјално загрозени лица од Штип, приматели на парична помош и други социјални додатоци, им давале пари на заем, а за услугата им наплаќале камата од најмалку 50 % од дадениот заем. Како залог, пријавените им ги земале платежните банкарски картички со пин кодовите и континуирано по секоја пристигната месечна социјална помош на сметките на оштетените, пријавените од банкомат подигале пари сѐ до целосно враќање на заемот, информираат од МВР.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7