ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 03/31/22 1:36 PM

Голем пожар во Штип, горат играчките за деца во магацинот на „Андреј компани“

Во моментов гори магацинот на компанијата за детски играчки „Андреј компани“, која се наога на влезот на Штип, на Три Чешми.

ММС се обрати до Противпожарната единица во Штип од каде ни потврдија дека станува збор за голем пожар.

-Колегите се на терен и се уште не можеме да кажеме детали. Нема и пријава за повредени. Има  голема материјална штета, бидејќи магацинот е за детски играчки, а сето тоа е пластика., велат од пожарната за ММС и додаваат:

-Пожарот е голем, се гаси со осум возила а 20 поѓжарникари се на терен.  Имаме повикано пожарни возила на помош од соседните општини, Кочани и Свети Николе, велат од пожарната во Штип.

(В.М.)


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1