ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 03/28/22 8:35 AM

Одложена објавата на пресудата за „Сончев град“

Објавата на пресудата за предметот со КОК бр. 57/17 од обвинителството означен како „Топлик” закажана за денеска, се презакажува за 5 април, 2022 година од 13:00 часот во Судница 1, информираат од Основен кривичен суд Скопје.

Како што се наведува во соопштението од Судот, причина за презакажување на терминот е што еден од членовите на судискиот совет, судија – поротник го известил судот дека е позитивен на Ковид – 19 вирусот и во следниот период ќе биде во изолација согласно протоколите за здравствена заштита.

Првоосомничен во предметот е поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, кој според обвинението, како раководно лице во Министерството, спротивно на Законот за јавни набавки составил Комисија за јавни наддавања на која и наложил да избере понудувач за купување и располагање со државно земјиште за изградба на елитниот комплекс „Сончев град” во Сопиште, иако фирмата не ги исполнувала условите за тоа.

 

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7