ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 03/27/22 7:30 PM

Бегала од бомбите, па победила на маратон! Неверојатен подвиг на храбра Украинка

Не така одамна, украинската атлетичарка Валентина Верецка (31) беше под најголем стрес во животот додека бегаше од татковината на почетокот на војната, а сега го постигна еден од најголемите успеси во кариерата.

Верецка на врвот победи на маратонот во Ерусалим, за што доби и специјална покана.

Растојанието од 42 километри го истрча за два часа, 45 минути и 54 секунди, а на крајот прослави со подигање на знамињата на Украина и Израел, па таа фотографија набрзо ги обиколи најголемите светски медиуми.

Веретска неодамна славеше на маратонот во Тирана, а организаторите ја поканија заедно со уште 40 имигранти од Украина кои се натпреваруваа во Ерусалим.

Маратонката на 24 февруари со ќерката побегна од Миколаив, а нејзиниот сопруг остана во земјата.

извор и фото: /athleticsillustrated.com/


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1