ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 03/25/22 9:00 PM

Емина Јаховиќ ја расплака Турција со нејзината животна приказна

Пејачката Емина Јаховиќ успеа да ja расплаче расплаче цела Турција,  со својата животна исповед, кога гостуваше на една турска телевизија.

Таа призна дека израснала како најмало дете во семејството во Нови Пазар покрај таткото Нусрет Јаховиќ кој бил кардиоторакален хирург, мајката Сенија Јаховиќ, педијатар, сестрата Сабина, која исто така е педијатар и брат Мирсад Јаховиќ Туркџан, кошаркар, кој играше во НБА.
Таа го изгубила  татко и на 18 години, а денес со многу тага и љубов зборува за него.

@_sara022 #fouryoupage #fouryoupage #fouryoupage #viral #fouryoupage ♬ original sound – SARAH❤️


– Јас цел живот живеам разделена од семејството. Никогаш не сме биле на едно место заедно, никогаш.  Татко ми почина кога имав 18 години. Брат и сестра отидоа да учат. Брат ми дојде во Турција да игра кошарка, а сестра ми на факултет да студира медицина. А јас останав сама со мајка ми и се грижев за неа 7-8 години – изјави пејачката и додаде:
– Воопшто не го проживеав детството. Кога велат: „Можеби навистина немаше да успеам во животот да не останав толку безнадежна“. Тоа е навистина точно. Штом животот ќе ве повлече надолу и ќе ве удри до дното, доживувате шок, но оттаму скокате назад и станувате. Тоа е така. Затоа понекогаш мораме тие тешки и негативни работи кои сме ги доживеале да ги претвориме во позитивни. Тоа е единствениот начин да станете силни. Значи, доживување болка. Затоа што тоа е животот, рече Емина и го расплака гостите во студиото и гледачите.

 

Фото: Фејсбук/емина јаховиќ


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1