ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 03/23/22 11:21 PM

Меси не сакал марки, но се појавил во гардероба од скоро 9.000 евра

Аргентина веќе се пласираше на Светското првенство, но селекторот Лионел Скалони го повика Лионел Меси за последните два квалификациски натпревари против Венецуела и Еквадор. Фудбалерот на ПСЖ одговори на поканата и пристигна во Аргентина во средата и ги изненади новинарите по пристигнувањето.

Меси не е познат по тоа што често носи јасно брендирана и скапа облека, но овој пат направил исклучок.


Тој пристигнал во опрема вредна дури 8.495 евра, која ја пресметаа аргентинските новинари. Меси носел куфер од Луј Витон вреден дури 3.900 евра, а на грбот имал ранец од Луј Витон вреден 2.900 евра.
Тој носел дуксер вреден 445 евра, фармерки од 590 евра и патики Долче & Габана кои чинат дури 650 евра.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1