ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 03/22/22 8:40 PM

(Видео) Зеленски бара јахтата „Шехерезада“, која е наводно на Путин, Италија да ја замврзне

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска побара од Италија да ја заплени јахтата „Шехерезада“ вредна 700 милиони долари, која се поврзува со шефот на руската држава Владимир Путин.

Во обраќањето пред парламентот во Рим преку видео врска, Зеленски рече дека Путин и неговите богати соработници често одат на одмор во Италија и дека целиот имот во таа земја треба да им биде замрзнат.


„Не бидете одморалиште на убијци. Блокирајте го нивниот недвижен имот, сметки и јахти, од „Шехерезада“ до најмалата“, им рече Зеленски на италијанските пратеници.
Јахтата долга 140 метри има два хелиодроми и 40 членови на екипажот и може да прими 18 гости.

Италијанскиот премиер Марио Драги изјави дека неговата влада запленила имот на руски бизнисмени во вредност од над 800 милиони евра, како дел од санкциите на Европската унија против Москва.

Извор: Пинк.рс

Фото: Твитер


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1