ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 03/18/22 10:17 AM

(Видео) „Никогаш не држев пушка во рака, а сега ја полнам со затворени очи“- Украинска политичарка ќе си ја брани земјата на фронтот

Видео за обука и оружје, за заштита на куќата од ударниот бран и за тоа како нашите животи се променија за време на војната. И за победа, се разбира. Ова го порача украинската пратеничка Кира Рудик со видео на социјалните мрежи на кое држи пушка.

– Ова е калашников. Никогаш не сум држела вакво нешто во рака. Сега е наполнет и смрди на метал – на присутните им ги покажа пушката и куршумите со кои ја наполнила.

Потоа објаснила низ каков тренинг поминала.

– Штом научиш да пукаш од една пушка, знаеш да пукаш од сите. За време на вежбите пробуваме разни оружја за да се навикнеме на нив.

Како што вели, процесот на учење не е лесен, но се совладува со пракса.

– Пушките ги наполнуваме и ги празниме, па пак ги наполнуваме и ги празниме. Потоа се подготвуваме и целиме. Го направив тоа најмалку сто пати и мислам дека добро напредувам. Се надевам – откри Кира.

Не сакала да замине, сака да ја брани Украина заедно со своите сограѓани. На крајот, таа покажа како да се заштити од урнатините по ударот на бомба.

„Моите прозорци се залепени, бидејќи ако ракета удри во блиска зграда, стаклото ќе падне на подот и неговите фрагменти нема да ме погодат“, рече таа.

Претходно за CNN коментираше дека мора да научи да користи оружје преку ноќ.

– Живеев нормален живот, а потоа нападнаа Русите. Мора да направите нешто, да земете пушка и да научите да пукате, изјави таа за Си-Ен-Ен.

– Нашите жени ќе ја штитат Украина на ист начин како и нашите мажи. За мене е лудо и необично да сфатам дека држам пиштол и дека сум подготвена да носам оружје, подготвена да одам и да пукам во луѓе – рече таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Кіра Рудик (@kira.rudik)

извор: 24sata.hr

фото: Инстаграм


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1