„Не знаев дали ми предлага брак или ми раскинува“ - Како Путин ја запросил бившата сопруга Људмила
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 03/16/22 7:00 PM

„Не знаев дали ми предлага брак или ми раскинува“ – Како Путин ја запросил бившата сопруга Људмила

Путин се оженил со Шкребњева во 1983 година, а двојката има две ќерки.

Рускиот претседател отсекогаш бил дискретен за неговиот личен живот, па донекаде беше изненадување кога парот откри дека се разведува во 2013 година.
Тринаесет години претходно, Путин објави биографија со наслов „Првата личност: зачудувачки искрен автопортрет на рускиот претседател“, која вклучуваше неколку интервјуа со него и со најблиските. Во едно од тие интервјуа била и неговата поранешна сопруга Људмила која раскажала некои детали од нивната врска.

Рекла дека не размислувала многу откако со друг пар излегла на состанок со „лошо облечениот“ Путин. Сепак, тој и го дал својот телефонски број и останале во контакт, а подоцна се заљубиле еден во друг.

По три и пол години Путин ја запроси, но на таков начин што Људмила се нашла во дилема – дали сака да и раскине или сака да го помине остатокот од животот со неа?

„Една ноќ седевме во оваа куќа и тој рече: „Досега си сфатила каква личност сум јас. Генерално, не сум баш лесен“. Беше самокритичен, објаснуваше дека е молчалив тип, дека е прилично остар во некои работи, па умеел да навредува луѓе и слично“, изјавила Људмила во споменатото интервју.
Ми рече дека е ризичен избор за животен партнер.  Потоа додаде: „За три и пол години веројатно веќе донесе одлука.“ Ова ми звучеше како да ме напушта. „Да, одлучив“, реков.

Сомнително ме праша: “Да?”.

Во тој момент бев сигурна дека раскинуваме. Но, тогаш тој рече: „Па, ако е така, те сакам и предлагам да се венчаме“. Така што тоа беше целосно изненадување за мене“, изјави Људмила.

Парот беше во брак 30 години, а една година по разводот, Људмила целосно исчезна од јавниот живот. Кога се разведе од рускиот претседател, таа рече:

„Нашиот брак е завршен поради фактот што едвај се гледаме“, додавајќи дека „Владимир е целосно задлабочен во својата работа. Нашите деца пораснаа, секое од нив го живее својот живот… И навистина не ми се допаѓа публицитет.”

И тогаш, набргу по разводот, таа се омажи за дваесет години помлада и стана Људмила Александрова Очеретна.

Извор: kurir.rs

Фото:


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7