ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 03/15/22 10:43 PM

„Имаше само 24 години, сакаше музика и кафе“ – Украинска новинарка загинала во вчерашниот напад на Киев

 

Продуцентка на „Фокс њуз“ објави на Твитер дека во вчерашниот напад на Киев загинала и 24 годишна новинарка.

Украинската новинарка Олександра Кавшинова Саша загинала во нападот во кој беше ранет новинарот на „Фокс њуз“ Бенџамин Хол, а убиен е и снимателот Пјер Закржевски.


„Во вчерашниот напад во близина на Киев, изгубивме убава, храбра жена, Олександра Кавшинова Саша. Таа сакаше музика и беше духовита и добра. Имаше 24 години. Работеше со нашиот тим изминатиот месец и направи феноменална работа“, напиша на Твитер, продуцентката на „Фокс њуз“.

-Саша беше убиена заедно со Пјер. Таа беше талентирана, со добра и духовита. Сакалше фотографија, поезија и музика. Станавме брзо пријатели поради заедничката љубов кон кафето. Таа имаше 24 години, напиша друг нејзин колега.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1