ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 03/15/22 8:13 PM

(Видео) „Белград два месеци го бомбардираа, од Шведска не исфрлија како ѓубре“ – Легендата Пеѓа Мијатовиќ праша зошто поради политичарите трпат спортистите

Легендарниот фудбалер Предраг Мијатовиќ смета дека спортот треба да биде надвор од било каков конфликт.

Фудбалската легенда на Југославија,  даде опширно интервју, во кое зборувал за нападот на Русија врз Украина и за драконските санкции на кои се изложени руските спортисти, особено фудбалерите.

Мијатовиќ сегашната ситуација со спортистите ја спореди со Балканот во 1990-тите.

– Последниве денови многу размислувам за 90-тите години, особено за 1999 година, кога НАТО два и пол месеци ги бомбардираше Белград, Подгорица и многу други градови во Црна Гора. Тоа се комплицирани работи и трауми кои ве тераат да се запрашате дали Балканците се толку лоши што го заслужиле – рече Мијатовиќ.

Русите се исфрлени од многу спортови, особено од фудбалот. Руската репрезентација доби забрана за настап во баражот за Светското првенство во Катар, а руските клубови беа исфрлени од Европа.
Поранешниот голгетер на Партизан, Валенсија и Реал Мадрид истакнува дека секогаш е против војна.

– Јас сум против секаков вид на конфликт и против војна, но има некои работи кои тогаш не ги разбирав, а ниту сега не ги разбирам кога станува збор за војната во Украина. Зошто спортистите трпат санкции? Спортот е нешто здраво, зошто некој да се лиши од можноста да се натпреварува? Затоа што политичарите донеле лоши одлуки? Зошто спортистите треба да плаќаат за борбите за моќ на политичарите – праша Мијатовиќ.

Се осврна на слична ситуација што и се случи на југословенската репрезентација пред ЕП 1992.

– Поради конфликтот во мојата земја, не можевме да настапиме на Европското првенство во 1992 година. Отидовме во Шведска, а не исфрлија како да сме ѓубре – рече Мијатовиќ.

Се присети и на моментот кога во Шпанија ги посети хрватските репрезентативци.

– Играв заедно со Давор Шукер, Роберт Просинечки, Звонимир Бобан, заедно го освоивме Светското младинско првенство во Чиле и сега некои политичари во мојата земја би сакале да не се дружам со нив и да кажам дека сум предавник затоа што сум ги посетил. . Спортот мора да биде надвор од вакви ситуации – заклучи Предраг Мијатовиќ.

Извор: Курир.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7