ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 03/15/22 9:29 AM

Помина времето за преговори – во сабота нов протест на наставниците

Денешниот ден, 15-ти март е последниот од договорениот рок за преговори на синдикатот со Министерството за образование и наука (МОН) околу усогласување на платите во секторот со Колективните договори. Според Томислав Гиевски од Независен синдикат за образование и наука, не започна процесот на преговори, поради што во сабота продолжува протест на синдикалците.

Независниот синдикат смета трудот на наставниците е недостоинствено вреднуван, ниту е услогласен според Колективните договори.

-Во образованието не се почитува Законот за минимална плата туку има преформулација со најниска плата – што е 10.000 и се множи со 2,5 коефициент што добива 25.600 просечна плата во образованието, што е пониска од просечната плата во државата, рече Гиевски за Утрински брифинг.

Од Независниот синдикат сметаат дека најавените 7% покачување се несоодветни со растот на трошоците за живот и како резултат на тоа постои незадоволство кај вработените во секторот образование поради настанатата голема разлика помеѓу најниската плата за најнизок степен на сложеност која изнесува 10.000 денари и минималната плата на државно ниво која изнесува 18.000 денари.
-Како Независен синдикат за образование и наука бараме усогласување на колективните договори и најниската плата за најнизок степен на сложеност со минималната плата на државно ниво“, соопштија ос НСОН.

Протестот почнува во сабота во 10.30 часот со собирање пред седиштето на Независниот синдикат, завршува пред Владата, каде како што најави Гиевски, ќе бидат поставени и шатори.

Независниот синдикат во образованието и наука е нерепрезентативен и нема право да организира штрајк, меѓутоа, како што се најавува, можно е да радикализираат потезите доколку  ништо не се промени.

Во меѓувреме, претпладнето реагираше СОНК, кој е репрезентативен синдикат. Како што објави,  вработените во градинките и образованието се во исчекување.

-Денес Владата ( МОН и МТСП ) треба да ги соопштат резултатите од преговорите со СОНК за усогласување на платите врз основа на растот на минималната плата и Колективните договори, напиша Јаким Неделков, претседателот на СОНК.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7