ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 03/14/22 10:38 PM

Ќе штедат министри, градоначалници, директори, ќе има одлука на Влада, рече Бесими

Министерот за финансии Фатмир Бесими изјави дека поради кризата предизвикана од војната во Украина, очекувано е дека економските проекции ќе се корегираат и затоа се разговара за ребаланс на Буџетот.

Во изјава за ТВ 24, Бесими најави владина одлука за штедење и можно задолжување со еврообврзница.

– Во Буџетот што е усвоен во Собрание има предвидено 600 милиони евра задолжување, од кои 545 се за покривање на дефицитот што е планиран во Буџетот, а разликата е за зголемување на депозитите што вообичаено ги оставаме во крај на година за наредната година за да имаме одредени резерви на трезорска сметка кај Народна банка, изјави министерот за финансии.

Бесими дообјасни дека тие 600 милиони евра не се дополнителни.

Посочи дека во зависност од потребите и од состојбата во одреден временски период ќе се оди и со предлог за ребаланс на буџетот за што се водат разговори со министерствата.

-Проектите каде што има забавена динамика, ќе се кратат, рече Бесими.

Истакна дека Владата ќе излезе не со препорака, туку со одлука за штедење во економска криза и таа нема да важи само за министрите, туку кон неа треба да се придржуваат и градоначалници, директори на државни институции,…

Министерот за финансии кажа и дека е можно задолжување однадвор со еврообврзница.

– Не е исклучено земјава преку еврообврзница да земе заем од 600 милиони евра, односно целото планирано задолжување за годинава да се земе однадвор. Подготовките се завршени, се чека погоден момент кога со нашите партнери ќе излеземе на пазарот, рече Бесими.

Очекува дека каматните стапки нема да бидат високи.

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1