– ММС
Вести Македонија

Вербална расправија во Скопје завршила со нож и пиштол

Вчера околу 10:15 часот било пријавено дека во Скопје во детската градинка на улица „Рокомија“, настанала вербална расправија помеѓу З.Џ.(40) и Б.З., двајцата од Скопје.

Потоа, според пријавеното, З.Џ. извадил пиштол, додека Б.З. извадил нож. По преземени мерки  од страна на полициски службеници бил приведен З.Џ., при што кај истиот бил пронајден пиштол. Б.З. го напуштил местото на настанот, но по преземени мерки и активности е пронајден и приведен. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Лограње

X

Регистрација