Седум супермаркети казнети со по 7.000 евра за непочитување на одлуките за поевтини производи
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 03/14/22 12:46 PM

Седум супермаркети казнети со по 7.000 евра за непочитување на одлуките за поевтини производи

Министерот за економија, Крешник Бектеши денеска кажа дека за применување на одлуките на Владата терен се инспекторите на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), а согласно извештајот од минатата недела веќе се изречени и казни за трговците кои што не ги почитувале одлуките.

„Во однос на прекршоците минатата недела ДПИ утврди неколку прекршоци во Скопје во неколку поголеми супермаркети кои се казнети. Се работи за седум супермаркети кои согласно прекршоците се казнети со по 7.000 евра за непочитување на одлуките. Имајќи го во предвид извештајот на ДПИ, Министерство за економија прати допис до Инспекторатот да го применуваат и да постапуваат и согласно Законот за потрошувачи каде што е предвидено ако се повторат такви прекршоци инспекторите може да изречат и казна забрана за вршење на дејност и до една година  за нечесни практики кои се прават во трговијата посебно кога има одлуки на Владата“ кажа Бектеши.

извор: министерство за економија

фото: ММС


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7