ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 03/11/22 12:57 PM

Ниеден ручек немам изедено на сметка на општината, рече градоначалникот Јакимовски

Сакале или несакале во општина Карпош сме спуштени на биолошки минимум, тоа што изминативе денови беше моја препорака, прво сите воизла да се наполнат со бензин, и второ максимално да се редуцираат излегувањата од општина, рече градоначалникот на општина Карпош, Стевче Јакимовски на новинарско прашање што ќе преземе општина Карпош во однос на заштеда со оглед на економската криза.

„Ако мислите за мобилен телефон, јас не користам службен телефон, ако мислите за репрезентација, сеуште немам ниту еден ручек изедено на сметка на општина Карпош, ниту пак тоа го планирам. Она што е најважно е да дадеме пример за граѓаните дека доаѓаат тешки времиња и максимално да се мобилизираме буквално ќе биде битка за секој денар“, изјави Јакимовски.

Г.Д


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7