– ММС
Спорт Фудбал

Марсело призна даночно затајување, ќе плати 750.000 евра

Парична казна од 490.000 евра и четири месеци затворска казна која нема да ја одлежи, му се заканува на бразилецот Марсело од Реал Мадрид, поради избегнување даноци.

Вкупно Марсело ќе мора да плати 750.000 евра, бидејќи користел странски компании за пријавување на приходите и така го оштетил даночниот систем на Шпанија.

Фудбалерот на Реал нема да мора да оди во затвор, бидејќи тоа е негов прв прекршок, а според шпанскиот закон, само за пресуда над две години се оди во затвор.

За исти даночни престапи со шпанските власти претходно се спогодија Лионел Меси, Кристијано Роналдо, Нејмар, Чабио Алонсо и други.

Лограње

X

Регистрација