ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 03/8/22 7:11 PM

Погрешни се стереотипите за жените во сообраќајт: РСБСП со настан за улогата на жените возачи по повод Осми март

Јас немав никакви предрасуди и затоа стигнав на ова место каде што сум денес, а се сретнав со многу луѓе кои имаа предрасуди за тоа што го правам – вели Катерина Кесторовска, капетан инструктор на Боинг 737. Денеска, на Меѓународниот ден на жената таа порача дека нема разлики помеѓу мажите и жените кои се занимаваат со оваа професија, бидејќи како што вели, рамноправноста се подразбира.

-Уште на четири ипол години пројавив желба дека сакам да летам, шансата ја добив на 15 години кога за првпат отидов на пилотска академија. Немаме разлики со колегите, рамноправноста се подразбира. Немаме олеснителни околности, што работат колегите тоа и јас. Во оваа професија сме четири жени моментот. Нема разлика, се дава шанса, но мал број жени се одлучуваат за оваа професија бидејќи бара многу откажување. Голем „данок“ се плаќа во приватниот живот на жената и поради тоа не е рамнправен бројот на мажите и жените во оваа професија – истакна Кесторовска.

Таа беше една од жените кои по повод одбележувањето на 8 Март, учествуваа на почесното возење низ Скопје организирано од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во соработка со Министерството за внатрешни работи.

Настанот се организираше под мотото „Намали ја брзината, зголеми ја сообраќајната култура“, а учесниците порачаа дека жените се безбедни возачи и дека поретко се вклучени во сообраќајни незгоди со фатални последици.

„Сведоци сме на стереотипи кога се во прашање жените вклучени во сообраќајот, но тие стереотипи се погрешни. Статистиките покажуваат нешто сосема поразлично – жените се многу поодговорни возачи, помалку агресивни и поголемо ниво на сообраќајна култура“, порачаа од РСБСП, чија претседателка Гордана Кожуваровска апелираше дека жените возачи преку свој личен пример треба да направат чекор кон издигнување на безбедноста на сообраќајот на повисоко ниво.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1