ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 03/5/22 12:16 PM

„Уловени“ над 300 брзи возачи за 12 часа во Тетово, Гостивар и Штип

Полициски службеници на СВР Тетово вчера (4 март) од 8 до 20 часот спровеле засилени контролни активности за брзина со која се движат возилата во и надвор од населените места, во кои вкупно биле откриени и санкционирани 186 прекршоци (ТЕ-137 и ГВ-49).Притоа, 103 возачи (ТЕ-79 и ГВ-21) ја пречекориле максимално дозволената брзина во населено место, додека 83 возачи ја пречекориле брзината надвор од населено место (ТЕ-58 и ГВ-25).Од нив, 4 возачи се движеле за повеќе од 70 километри на час над дозволената брзина(ТЕ-3 и ГВ1), а 19 возачи (ТЕ-8 и ГВ-11) пречекориле за 50 до 70 километри на час. На сите прекршители изготвени им се законски предвидените поднесоци и тие ќе се соочат со парични глоби од 45 до 400 евра во денарска противвредност, зависно од тоа- за колку километри на час пречекориле и ќе им бидат одземени и возачките дозволи од три месеци до една година. Во овие активности, исто така, биле санкционирани и 43 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-21 и ГВ-22).

Во исто време на територијата на СВР Штип спроведена e акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 114 возачи. Од нив 12 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 102 надвор од населено место. При тоа 58 во Штип, 18 во Свети Николе, 10 во Кочани… На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1