ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 02/28/22 10:38 PM

Осум држави го поддржаа итното пристапување на Украина кон ЕУ

Украина заслужува веднаш да влезе во Европската унија, се наведува во отвореното писмо од претседателите на осум земји-членки на ЕУ – Бугарија, Чешка, Естонија, Летонија, Литванија, Полска, Словачка и Словенија.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно вечерва објави дека потпишал официјално барање неговата земја да се приклучи на Европската унија.

Тој беше посоветуван писмено да ѝ се обрати на ЕУ од страна на претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1